Tuesday, May 3, 2011


Атлетиката, позната и како лесна атлетика, е збир на спортови. Терминот потекнува од грчкиот збор „атлос“ што значи „натпревар“. Атлетиката вклучува спортови кои генерално можат да се поделат на трчање, фрлање и скокови.
Атлетиката е дел од модерните Олимписки игри уште од нивното основање во 1896 година. На жените им е дозволено да учествуваат од Олимписките игри во 1928 година.Се одвиваат на патека околу фудбалско игралиште со должина од 400 метри.

  • Спринтови: дисциплините од 100 метри,200 метри и 400 метри.
  • Трки на средни далечини: од 800 до 1500 метри.
  • Трки на големи далечини: повеќе од 3000 метри.
  • Трки со пречки: 100 метри за жени, 110 метри за мажи, 200 метри мажи и жени,400 метри за мажи и жени и 3000 метри.
  • Штафети: Најчесто се трчаат штафети на 4х100 и 4х400 метри со четири измени.
  • Трки со одење: најчести се трките на 10, 20 и 50 километри.

Monday, May 2, 2011

Ракометот е екипен спорт со топка, во кој се натпреваруваат две екипи по седум играчи (6 играчи + 1 голман) на двете страни. Играта трае 60 минути (2 полувремиња по 30 минути), а цел е да се даде повеќе голови од противниците. Топката се води слично како во кошарката, со топкање и подавање но се игра со помала топка и со други правила на водење на топката.Димензиите на ракометното игралиште се должина 40 метри а ширина 20 метри. Терените се воглавно во покриени простории, а подлогата главно е дрвен паркет, иако денес се користат и материјали од тврда гума. Постојат поинакви терени, главно од бетон и асфалт, но тие воглавно не се користат за такмичење поради опасноста од повреди. На теренот се наоѓаат линии кои одредуваат одредени делови на теренот. На средина од теренот се наоѓа линија која ги одвојува двете половини. На спротивните страни на теренот и тоа по краевите се наоѓа по еден гол, кој е висок 2 m и широк 3 m. Во голот има мрежа. Пред секој гол се наоѓа полукружен простор, на просечна оддалеченост од 6 м од голот, означена со полна линија. Тој простор од 6м често е и обоен со друга боја, различна од останатите бои на игралиштето.

Фудбал е игра со топка што ја играат два тима со по 11 играчи.Еден спортски натпревар регуларно трае 90 минунти, односно две полувремиња по 45 минути. Целта на играта е да се уфрли топката во голот на противникот. Победува тимот кој ќе постигне повеќе погодоци. Играчите смеат да играат со сите делови на телото освен со раце.Ако топката јам допрат со раце тогаш судијата треба да свирни ЕНЦ. Само голманот може да ја допре топката со раце, но само во пеналтикот (шестнаесетник). Натпреварот е распореден во две полувремиња од кои секое полувреме трае по 45 минути. Натпреварувачите носат маици (дресови) со бројки на грбот. Ѓоновите на копачките можат да бидат опремени со крампони или да се ребрасти.

[уреди]


Кошарката е тимски спорт во кој пет играчи од два различни тима се обидуваат да постигнат што повеќе поени преку давање кош, односно преку уфрлување на топката низ хоризонтално поставен обрач на височина од 3 метри. Од едната страна на теренот до другата, топката се преносува преку тапкање и подавање на останатите членови на тимот.
Во 1891, Канаѓанецот Џејмс Најсмит ја измислил играта кошарка, со 7 правила од кои 6 сè уште се користат. Најсмит бил важен пропонент за развитокот на женскатa кошарка и за раширувањето на играта низ Северна Америка. Двете најсилни кошаркарски лиги во светот се европската Евролига и северноамериканскатаНационална Кошаркарска Асоцијација. Кошарката е распространета на сите континенти и е најбрзорастечкиот спорт во светот. Во Македонија, најсилната кошаркарска лига е Македонската Прва Лига.
До поен во кошарката се доаѓа преку фрлање на топката во обрачот на кошот. Екипата која на крајот од натпреварот ќе добие повеќе поени е победник. Кошот постигнат во лакот вреди 2 поени, кошот постигнат надвор од лакот 3 поени, а кошот од слободни фрлања носи по 1 поен. Топката во кошарката се управува со нејзино удирање од подот, односно водење, или пак преку меѓусебно додавање меѓу играчите. Телесни контакти ко можат да ги повредат играчите не се дозволени. Постојат строго одредени правила и начини спрема кои топката може да се води.
Со тек на времето кошарката ги развила вообичаените техники за шутирањедодавање и водење, како и позициите на играчите кога се во напад и во одбрана. Иако вообичаената кошарка се одвива под строго одредени правила, разни варијации на кошарката направила таа да биди со сè помалку правила. Во кошарката има разни стилови на шутеви, од кои најпознат е ударот хорок.
Тенисот е спорт кој се игра меѓу два играчи (сингл), или помеѓу два тима од два играчи (дубл). Целта во тенисот е да се префрли гуменото топче преку мрежата со помош на рекетот, од својата половина на половината на противникот. На некои места тенисот се нарекува уште и тревен тенис со цел да се разликува од вистинскиот тенис, кој е сличен на денешниот тенис и бил игран во викторијанска Англија. Тенисот стана олимписки спорт во 1988.• Целта на играта е да се удри топката со ракетот преку мрезата и таа да падне во полетона портивникот, а противникот да не може да ја врати • Мечот е поделен во сетови и се зацврсутва кога натпреварувачот ке освои 3 сета (машки) односно 2 сета(жени) • Сетот е поделен на гемови (игри). Потребно е да се освојат барем шест гема и да се оствари предност од два гемаза да се добие сетот • Тајм-брејк се применува кога резултатот е 6-6. Првиот играч кој ке освои седум или повеке поени со предност од два поена го освојува сетот • Мечот трае најмногу 5 сета (мажи) односно 3 сета (жени) • Опремата односно облеката и обувките се традицијативно бела боја иако единствениот професионален турнир кој денес се држи до тоа е Вимболдон. Како и во останатите спортови се носат шорцеви и маици женските блузички и шорцеви или сукницки • Тенис може да се игра во сала и на отворено. Подлога може да биде трева земјена подлога синтетичка или паркет • Рамката на ракетот се изработува од дрво метал и синтетички материјал • Тениските топки се жолти или бели. Тески се 56.7до 58.5 грама • Освојуването на гемови Денес тенисот e компетитивен спорт од светска класа, кој каптивира милиони играчи и фанови од целиот свет. Константна програма на турнири и настани се одржува со текот на годините и најдобрите играчи стануваат икони на новата генерација. Некогашниот спорт на кралевите стана спорт за сите.

Одбојката е колективен спорт кој се игра на таков начин што две екипи, одвоени со висока мрежа, ја префрлуваат топката преку мрежата до противничката екипа. По сервирањето од страна на едната екипа, играчите од другата екипа имаат право до трипати да ја удрат топката пред да ја префрлат топката преку мрежата. Поен се добива кога топката ќе падне во полето на противничката екипа, ако противничката екипа не успее правилно да ја префрли топката назад во полето на нивниот противник или ако противничката екипа заработи фаул.
Се игра до добиени три сета при што во секој сет треба да се освојат 25 поени, освен во евентуалниот петти сет кога се игра до добиени 15 поени. При тоа, победничката екипа мора да има два поени разлика во однос на противничката екипа,при освојувањето на потребниот број поени за победа во тој сет. Во спротивен случај, сетот продолжува сè додека некоја од екипите не направи разлика од два поени.