Monday, May 2, 2011
Ракометот е екипен спорт со топка, во кој се натпреваруваат две екипи по седум играчи (6 играчи + 1 голман) на двете страни. Играта трае 60 минути (2 полувремиња по 30 минути), а цел е да се даде повеќе голови од противниците. Топката се води слично како во кошарката, со топкање и подавање но се игра со помала топка и со други правила на водење на топката.Димензиите на ракометното игралиште се должина 40 метри а ширина 20 метри. Терените се воглавно во покриени простории, а подлогата главно е дрвен паркет, иако денес се користат и материјали од тврда гума. Постојат поинакви терени, главно од бетон и асфалт, но тие воглавно не се користат за такмичење поради опасноста од повреди. На теренот се наоѓаат линии кои одредуваат одредени делови на теренот. На средина од теренот се наоѓа линија која ги одвојува двете половини. На спротивните страни на теренот и тоа по краевите се наоѓа по еден гол, кој е висок 2 m и широк 3 m. Во голот има мрежа. Пред секој гол се наоѓа полукружен простор, на просечна оддалеченост од 6 м од голот, означена со полна линија. Тој простор од 6м често е и обоен со друга боја, различна од останатите бои на игралиштето.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment