Tuesday, May 3, 2011


Атлетиката, позната и како лесна атлетика, е збир на спортови. Терминот потекнува од грчкиот збор „атлос“ што значи „натпревар“. Атлетиката вклучува спортови кои генерално можат да се поделат на трчање, фрлање и скокови.
Атлетиката е дел од модерните Олимписки игри уште од нивното основање во 1896 година. На жените им е дозволено да учествуваат од Олимписките игри во 1928 година.Се одвиваат на патека околу фудбалско игралиште со должина од 400 метри.

  • Спринтови: дисциплините од 100 метри,200 метри и 400 метри.
  • Трки на средни далечини: од 800 до 1500 метри.
  • Трки на големи далечини: повеќе од 3000 метри.
  • Трки со пречки: 100 метри за жени, 110 метри за мажи, 200 метри мажи и жени,400 метри за мажи и жени и 3000 метри.
  • Штафети: Најчесто се трчаат штафети на 4х100 и 4х400 метри со четири измени.
  • Трки со одење: најчести се трките на 10, 20 и 50 километри.

No comments:

Post a Comment